10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИбрахимовиќ најави тужба против лекарот што го обвини за допинг

Ибрахимовиќ најави тужба против лекарот што го обвини за допинг

иброс

Напаѓачот на шведската фудбалска репрезентација и на францускиот првак ПСЖ Златан Ибрахимовиќ најави судска тужба против шведскиот лекар Улф Карлсон, кој рече дека е убеден оти Ибрахимовиќ се допингувал додека играл за Јувентус.

„Карлсон направи голема грешка. Ќе го тужиме. Секогаш постојат луѓе што мразат. Можеби тој е поранешен спортист кој не успеал или е само љубоморен. Но направи голема грешка. До сега живееше еден живот, а по тужбата ќе има сосем друг живот“, рече Мино Раиола, агент на Ибрахимовиќ, за шведскиот весник Expressen.

Раиола тврди дека Ибрахимовиќ во двете сезони во Јувентус(2006-2008) бил тестиран меѓу 15 и 20 пати.

„Јувентус секогаш беше под микроскоп. Тврдењето за допингот на Златан е лудо. Сите во клубовите за кои Златан играше знаат дека тој не зема ниту аспирин“, додаде Раиола.

Поранешниот лекар кој соработуваше со шведската атлетска репрезентација го обвини Јувентус дека ги допингувал своите фудбалери на почетокот на 2000-ите години. Карлсон токму Ибрахимовиќ го посочи како пример.

„Ибрахимовиќ доби десет килограми за само шест месеци минати во Јувентус. Мислам дека беше допингуван. Барем така верувам“, рече Карлсон додавајќи дека Јувентус имал ‘култура на допингување’, но дека нема докази за своите тврдења.

„Златан е мирен на обвинувањата за допингот. Нему му е повеќе непријатно што го промаши пеналот против Манчестер Сити“, додаде Раиола.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП