19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТешки обвинувања: Ибрахимовиќ во Јувентус користел допинг?

Тешки обвинувања: Ибрахимовиќ во Јувентус користел допинг?

juve ibra 33

Улф Карлсон, поранешен шведски атлетски тренер, го обвини најдобриот шведски фудбалер Златан Ибрахимовиќ дека во минатото користел недозволени средства.

Карлсон е убеден дека Ибрахимовиќ користел допинг, во време кога бил играч на Јувентус (2004-2006).

„Златан доби десет килограми мускулна маса за само шест месеци во Јувентус. Невозможно е да се направи тоа за толку кратко време“, рекол Калсон, кој смета дека недозволени средства користел и Албин Екдал.

„Тие двајца, за разлика од останатите спортисти, беа ослободени од тестови. Екдал за шест месеци доби осум килограми мускулна маса. Двајцата имаа доктор кој претходно беше суспендиран 22 месеци. Убеден сум дека се допингуваа“, дополнил Карлсон.

Обвинувањата на Карлсон од Фудбалскиот сојуз на Шведска ги нарекоа апсурдни.

„За вакви работи не се зборува без конкретни докази. Тоа е она што нé изненадува. Не сакаме да шпекулираме зошто Карлсон тоа го рекол, но апсурдно звучи“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП