9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШвајцарската полиција истражува документи со потпис на Инфантино

Швајцарската полиција истражува документи со потпис на Инфантино

uefalogo

Швајцарската полиција упадна во среда во седиштето на Европската фудбалска асоцијација(УЕФА) во Нион, за да земе договор со потпис на сегашниот претседател на Меѓународната фудбалска федерација(ФИФА) Џани Инфантино, а кој се наоѓа на пописот на сомнителни документи во аферата „Панама пејперс“.

Станува збор за правата на преноси на натпревари на Лигата на шампиони за периодот од 2006 до 2009 година, кои ги купи компанијата Cross Trading во сопственост на Аргентинците Хуго и Маријано Џенкинс, а потоа им ги препродала на еквадорската телевизија Teleamazonas за тројно поголем износ.

Од УЕФА потврдија дека еден од двајцата потписници на документот бил Инфантино, но негираа дека станува збор за било какви нечесни работи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП