18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМЗТ славеше над Работнички

МЗТ славеше над Работнички

kosarka-basket

Кошаркарите на МЗТ го совладаа Работнички 81:71 (11:24, 23:17, 20:20, 27:10) во градското дерби кое се одигра во рамките на 24.коло во домашното првенство. МЗТ со оваа победа на четири кола до крајот на регуларниот дел од сезоната го обезбеди првото место во пресрет на плејофот.

Градското дерби го реши поголемиот избор на кошаркари кои на клупата ги има тренерот на МЗТ Александар Јончевски, бидејќи Марин Докузовски на спротивната страна целиот меч го одигра со шестмина кошаркари.

Додека ветараните на Работнички имаа свежина го контролираа резултатот и постојано беа во водство. Во еден момент во првиот дел Работнички водеше и со 18 поени, до крајот на првиот дел МЗТ успеа негативата да ја сведе на седум поени.

МЗТ на стартот од третата четвртина со серија од девет поени стигна до минимална предност, но Работнички бргу ја стабилизира играта и ја врати предноста од полувремето.

Во последната четвртина до израз дојде поголемиот избор на играчи кои ги има МЗТ, па „металците“ со серија 17(3) го решија победникот.

Дреновац со 24 поени и осум скокови, Стојановски со 19 поени (3/6 за три) и Урош Лукович со 16 поени и 12 скокови го предводеа МЗТ, додека кај Работнички Мираковски постигна 24 поени (4/6 за три), а Чековски 20 кошеви.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП