4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТијаго Силва: ПСЖ мора да го задржи Ибрахимовиќ

Тијаго Силва: ПСЖ мора да го задржи Ибрахимовиќ

tiago zlatko 98

Капитенот на францускиот шампион ПСЖ, Тијаго Силва, се надева дека раководството ќе успее да го задржи во тимот Златан Ибрахимовиќ. Договорот на Ибрахимовиќ со ПСЖ трае до завршувањето на оваа сезона, а сé погласни се шпекулациите дека негова следна дестинација ќе биде Премиерлигата.

„Не велам дека треба да остане само затоа што сме пријатели, едноставно не можам тимот на ПСЖ да го замислам без Ибрахимовиќ, тој е од голема важност за овој тим. Некои велат дека полека старее, но јас би рекол дека тој само го надополнува искуството. Да сум јас претседател, би му го продолжил договорот на една или две години. Златан е единствен и со 34 години, тој има голема страст кон фудбалот“, рекол Силва.

Тијаго Силва и Ибрахимовиќ во ПСЖ пристигнаа во јуни 2012 година, претходно шведскиот репрезентативец играше во Малме, Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона и Милан.

Во тековната сезона Ибрахимовиќ има постигнато 38 голови на 41 одиграни натпревари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП