4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИџе: Можам подобро од ова

Иџе: Можам подобро од ова

kola-mola

Најдобриот македонски авотмобилист Игор Стефановски – Иџе и покрај сите проблеми со кои се соочуваше за време на видендот на патеката „Пол Рикар“ на своето деби во Европскиот шампионат на кружни патеки (ЕТЦЦ), успеа да ги освои првите бодови.

Македонскиот автомобилист сезоната во ЕТЦЦ настапува за словенечкиот тим Лема Рејсинг, а премиерниот настап го заврши со два бода. Иџе на првата трка заврши на 11-та позиција, а бодовите ги освои во втората трка која ја заврши на седмата позиција.

Стефановски, кој во претходните две сезони доминираше на ридските патеки освојувајќи две титули, потенцира дека впечатокот од малерозниот викенд е позитивен и дека може многу повеќе од постигнатиот резултат во Франција.

„Во паузата меѓу двете трки следуваше битка со времето за да ги смениме оштетените делови, но за жал тоа беше невозможно да се заврши во лимитот од 10 минути. Бидејќи задоцнивме 3-4 минути, немав право да стартувам од мојата позиција туку како последен од боксот, со што шансите за добар пласман однапред беа отпишани. Сепак, возев за искуство и привикнување со возилото без да навлегувам во непотребни ризици.За среќа, по стартот брзо ги минав возилата од пониската класа, а напред се случија неколку судари, откажувања и казни, па тоа ми овозможи да завршам на пласман во бодови“, вели Стефановски.

Наредната трка во ЕТЦЦ шампионатот на која ќе настапи Стефановски ќе се вози во Словачка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП