24 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНБА: Хјустон и Чикаго се надеваат на место во плејофот

НБА: Хјустон и Чикаго се надеваат на место во плејофот

harden 448

Хјустон и Чикаго забележаа победи против Оклахома, односно Милвоки со што ги задржаа шансите за пласман во плејофот во НБА. Во ноќта помеѓу неделата и понеделникот најдобриот индивидуален учинок го имаа Џејмс Харден кој против Оклахома постигна 41 поен, односно Стеф Кари кој на Портланд му уфрли 39 кошеви, како и неговиот соиграч Дрејмонд Грин кој забележа „трипл дабл“.

Хјустон оствари важна победа во дуелот со Оклахома (118:110) и со скор 38-39 се наоѓа на деветтото место во Западната конференција. Пред Хјустон се Јута и Далас со скор 39-38.

Џејмс Харден блескаше против Оклахома, постигна 41 поен (12/25 од поле). Кевин Дурент со 33 поени, односно Расел Вестбрук со 19 поени, 13 скокови и девет асистенции беа најдобрите играчи кај Оклахома.

Чикаго забележа значајна победа во Милвоки 102:98 и ги задржа минималните шанси дека до крајот на сеозната ќе избори пласман во разигрувањето. Чикаго е деветти на Истокот (39-38), со две победи помалку од Детроит и Индијана.

Џими Батлер со 25 поени и осум скокови беше најефикасниот во триумфот на Булси, додека Милвоки го предводеше Јанис Адетокумбо со 34 поени.

Голден Стејт, по неочекуваниот пораз од Бостон, го декласира Портланд 136:111. Вориорс имаат 69 победи и осум порази и во последните пет средби им се потребни четири победи за да го соборат рекородот на Чикаго (72-10).

Стеф Кари постигна 39 поени, а Дрејмон Грин го оствари 13-от „трипл дабл“ во сезоната (22 поени, 10 скокови, 10 асистенции).

Резултати: Орландо-Мемфис 119:107, Феникс-Јута 86:101, Милвоки-Чикаго 98:102, Њујорк-Индијана 87:92, Голден Стејт-Портланд 136:111, ЛА Лејкерс- Бостон 100:107, Бруклин-Њу Орлеанс 87:106, Кливленд-Шарлот 112:103, АЛ Клиперс-Вашингтон 114:109, Минесота-Далас 78:88, Хјустон-Оклахома 118:110.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП