21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНовак Ѓоковиќ крал на тенисот

Новак Ѓоковиќ крал на тенисот

nole-sole

Новак Ѓоковиќ ја освои титулата на Мастерс турнирот во Мајами со победата над Кеи Нишикори 6:3, 6:3. Ѓоковиќ по шестата титула, во седмото финале во Мајами, го запиша своето име во тениската историја.

Српскиот тенисер речиси рутински славеше над Нишикори, иако Јапонецот уште на стратот во првиот грем направи брејк.

Ѓоковиќ во Мајами ја освои 28-та титула на турнирите од Мастер серијата и стана апсолутен рекордер. Воедно тој е сега тенисерот кој најмногу заработил од турнирите во кариерата.

Првиот светски рекет досега во кариерата има заработено на турнирите 98.199.548 долари.

Исто така Ѓоковиќ стана првиот тенисер во историјата кој четири години последовно ги освојува Мастерс турнирите во Индијан Велс и Мајами.

Во изминатите три недели на овие два турнири од американската турнеја, Ѓоковиќ загуби само еден сет и тоа од анонимниот Американец Бјорн Фратанџело во второто коло во Индијан Велс.

Потоа во два сета славеше над Колшрајбер, Лопез, Цонга, Надал, Раониќ (Индијан Велс), односно Едмунд, Соуса, Тим, Бердих, Гофан и Нишикори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП