21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛестер ја зголеми предноста над Тотенхем

Лестер ја зголеми предноста над Тотенхем

lesterrrr

Фудбалерите на Лестер го продолжуваат походот кон шампионската титула, откако во 32.коло славеа над Саутемптон со 1:0. Идентична победа забележа и Манчестер Јунајтед против Евертон.

Лестер е се поблиску до остварување на сонот, осовојување на првата титула во клупската историја. Играчите на Клаудио Раниери победија со голот на капитенот Морган, негов прв сезоната.

Лидерот во Премиерлигата има седум бодови повеќе од Тотенхем, а мечот со Саутемптон беше четврти по ред на кој „лисиците“ славеа со 1:0.

„Мрежата ја сочувавме и освоивме три бода, одиме чекор по чекор. Ова е фантастично бидејќи ни беше јасно дека Саутемптон ќе дојде тука пол со самодоверба„, изјави по мечот Раниери.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП