4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРозберг во серија, победи и во Бахреин

Розберг во серија, победи и во Бахреин

rozi

Возачот на Мерцедес, Нико Розберг, победи на втората трка во првенството на Формула 1, Големата награда на Бахреин. Розберг, кој победи и на првата трка во Австралија, славеше на патеката „сакир“ пред Кими Раиконен (Ферари) и тимскиот колега Луис Хамилтон.

Нико Розберг во Бахреин триумфираше со време 1:33:34.696 часа, со што ја обезбеди 16-та победа во кариерата. Германецот, веднаш на стратот, го мина Хамилтон и до крајот не ја испушти лидерската позиција.

Хамилтон, слично како и во Австралија, лошо стартуваше, најпрвин ја загуби првата позиција од Розберг, а по контактот со Ботас во првиот свиок, се најде на деветтата позиција.

Раиконен, по неколку кругови, стигна до втората позиција која не ја испушти до самиот крај. Колегата на Раиконен во Ферари, Себастијан Фетел, кој во квалификациите се избори за третото место на стратот, не ја започна трката, откако во загревачкиот круг имаше проблеми со моторот.

Јунак на трката во Бахреин е Себастијан Грожан, кој во втората трка на дебитанскиот тим Хас, му го донесе петтото место. Грожан, во текот на трката, имаше неколку претекнувања, а болидот на Хас беше конкурентен со болидите на Ред Бул и Вилијамс.

Покрај Розберг, Раиконен и Хамилтон, бодови освоија уште Рикардо (Ред Бул), Грожан (Хас), Ферстапен (Торо Росо), Квјат (Ред Бул), Маса и Ботас (Вилијамс), Вандорн (Мекларен).

Во генерланиот пласман по две трки води Розберг со максимални 50 бодови, Хамилтон е втор со 33.

Шампионатот на Формула 1 ќе продолжи на 17.април со трката за Големата награда на Кина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП