2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОУспешно деби на Иџе во ЕТЦЦ

Успешно деби на Иџе во ЕТЦЦ

ixe

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски-Иџе имаше успешно деби во Европскиот шампионат на кружни патеки (ЕТЦЦ). Стефановски на трката во Франција, на патеката „Пол Рикар“ го освои седмото место.

Викендот во Франција беше успешен за дебитантот во ЕТЦЦ шампионатот, кого ниту лошата среќа не го спречи да стигне до првите бодови.

Откако поради механички прблеми, Стефановски беше спречен уште во квалификациите да оствари подобар резултат, сличен пех тој имаше и на трката во Франција.

Во ЕТЦЦ шампионатот се возат две трки, Стефановски, уште на почетокот на првата трка имаше судар со друго возило. Но успеа да ја заврши трката како 11-ти. Поради механичките проблеми неговиот настап беше неизвесен во втората трка, но откако настапи тој го покажа потенцијалот и покрај сите проблеми успеа да го освои седмото место.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП