3 јули, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПрв пораз на ГС на домашен терен по 14 месеци

Прв пораз на ГС на домашен терен по 14 месеци

poraz gs 222

Бостон Селтикс ја прекинаа неверојантната низа на Голден Стејт и ставија крај на непобедливоста на актуелниот шампион во „Оракл„ арена. Голден Стејт по 14 месеци, односно 54 натпревари го забележа првиот пораз на домашен терен.

Минатата година на 27.јануари, Чикаго славеше во „Оракл“ арена, а оттогаш Голден Стејт врза 54 победи на домашен терен, што преставува апсолутен рекорд во НБА лигата. Низата на непобедливост на Голден Стејт на домашен терен ја прекина Бостон со триумфот 109:106.

Гостите од Масачусец одиграа одличен натпревар, заслужено славеа, иако Стеф Кари имаше можност да го однесе Голден Стејт во продолженија. Кари на 5,3 секунди до крајот не успеа да погоди тројка.

Актуелните шампиони до крајот на сезоната треба да добијат пет од преостанатите шест натпревари, доколку сакаат да го соборат рекордот на Чикаго од 72 победи и 10 порази. Голден Стејт во моментов има скор од 68 победи и осум порази.

Кари со 29 поени го предводеше својот тим, каде уште Грин постигна 16, Томпсон 15, а Барнс 14 поени. Бостон го предводеа Ајзеа Томас со 22 и Еван Тарнер со 21 кош.

На другите натпрвевари Шарлот славеше над Филаделфија 100:91, Детроит загуби од Далас 89:99, Торонто победи во Мемфис 99:95, Кливленд по едно продолжение ја совлада Атланта 110:108, Њујорк триумфираше против Бруклин 105:91, Бакси славеа над Орландо 113:110, Мајами го совлада Сакраменто 112:106, а Вашингтон го совлада Феникс 106:99.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП