18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДополнителен меч суспензија за Диего Коста

Дополнителен меч суспензија за Диего Коста

ооол

Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) му ја продолжи суспензијата на напаѓачот на Челзи, Диего Коста, на уште еден натпревар и дополнителни 20.000 фунти. Шпанецот првично беше суспендиран од два натпреварa поради инцидентот на натпреварот со Евертон, одигран на 12. март, во рамките на ФА купот.

Контроверзниот напаѓач на споменатиот натпревар имаше близок контакт со Герет Бери, тој тргна да го гризне противникот, но самиот Бери по мечот призна дека такво нешто не се случило.

ФА го казни Коста со два мече неиграње, но во петокот му ја зголеми казната за уште еден натпревар.

Еден меч oд суспензијата Коста веќе одработи, против Вест Хем (19. март). Шпанскиот репрезентативец нема да биде во тимот и на мечвите со Астон Вила (сабота) и Свонси (9. април).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП