17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГерманците имаат 300 илјади причини да го освојат ЕП

Германците имаат 300 илјади причини да го освојат ЕП

germancos

Германскиот сојуз објави дека премиите на фудбалерите ќе започнат да им се исплаќаат од пласманот во четвртфиналето, односно пласманот меѓу најдобрите осум во Европа на секој играч ќе му донесе 50.000 евра.

Пласманот во полуфиналето за германските репрезентативци вреди 100.000 евра, а пласман во финалето 150.000 евра. Оваа сума може да биде дуплирана доколку Германија ја освои титулата европски првак.

„Среќен сум што сојузот постигна договор со фудбалерите. Овој договор ќе го донесе потребниот мир во нашите редови. Сега фудбалерите можат да се концентрираат само на натпреварите кои им следат“, рекол менаџерот на репрезентацијата Оливер Бироф.

Германија, на ЕП во Франција, во првата фаза ќе игра во Ц групата заедно со Полска, Украина и Северна Ирска.

На последното ЕП во 2012 година, Германија стигна до полуфиналето каде загуби од Италија 1:2. Германија последен пат била европски првак во 1996 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП