25 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЧикаго ги задржа шансите за пласман во плејофот

Чикаго ги задржа шансите за пласман во плејофот

cikago 9333

Чикаго остана во трката за пласман во плејофот во Источната конфереција, откако со пресврт, забележа победа во Хјустон 103:100. Изминатата ноќ, дербито го одиграа Оклахома и ЛА Клиперс, а славеа домаќините 119:117.

Крилниот центар на Чикаго, Никола Миротиќ со 28 поени го предводеше тимот до 38-та сезонска победа. Чикаго заостануваше се до средната на последната чевртина кога направија целосен пресврт и стигнаа до значајна победа.

Чикаго има скор 38-37, а Индијана која се наоѓа на осмата позиција на Истокот има 39 победи и 36 порази. До крајот на регуларниот дел од сезоната двата тима ќе одиграат уште по седум натпревари.

Индијана загуби од Орландо 94:114. Пол Џорџ кај домаќинот уфрли 28 поени, додека Орландо го предводеа Еван Фурние со 25 и Никола Вучевиќ со 24 поени.

Најдобриот тим во Источната конференција без поголеми проблеми славеше над Бруклин, тим кој има скор 21-54. Кливленд победи со 107:87.

Стивен Адамс ги постигна последните поени во дербито помеѓу Оклахома и ЛА Клиперс, со кои домаќинот славеше 119:117. Адамс мечот го заврши со 13 поени и шест скокови. Оклахома ја предводеа Кевин Дурент со 31 поен и Расел Вестбрук со 26 поени, 11 асистенции и осум скокови, додека кај Клиперси Џамал Крафорд и Остин Риверс реализираа по 32 поени.

Резултати: Кливелнд-Бруклин 107:87, Хјустон-Чикаго 100:103, Индијана-Орландо 94:114, Њу Орлеанс-Денвер 101:95, Оклахома-ЛА Клиперс 119:117, Портланд-Бостон 116:109.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП