29 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПрво Мастерс полуфинале за Кирјос

Прво Мастерс полуфинале за Кирјос

kirjos

Контроверзниот австралиски тенисер, Ник Кирјос избори пласман во полуфиналето на Мастерсот во Мајами, а за влез во финалето ќе се бори со Јапонецот Кеи Нишикори.

Кирјос, пласман во своето прво полуфинале на некој од турнирите од Мастерс серијата, избори н мечот со Канаѓанецот Милош Раониќ.

Кирјос славеше во два сета 6:4, 7:6, а за влез во финалето ќе се бори со Кеи Нишикори. Јапонецот по голема борба, во три сета, успеа да слави во дуелот со Гаел Монфилс, кој во третиот сет не реализира пет сет топки.

Нишикори славеше со 4:6, 6:3, 7:6.

Првата полуфинална двојка ден претходно ја формираа бранителот на титулата Новак Ѓоковиќ и Белгиецот Давид Гофан.

Мастерсот во Мајами се игра за награден фонд од 6.134.605 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП