9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЗголемена безбедноста во пресрет на „Ел Класико“

Зголемена безбедноста во пресрет на „Ел Класико“

elclasico 00

Шпанската полиција ги зголеми мерките на безбедност во пресрет на големото деби помеѓу Барселона и Реал Мадрид, објави Марка.

Како што се наведува, секој навивач кој влегува на стадионот ќе мора да носи лична карта, никој нема да може да внесе ранец или торба на трибините, а некои од паркинзите кои се наоѓаат во близина на стадинот „Ноу Камп“, ќе бидат затворени на денот на одигрувањето на натпреварот.

Оваа одлука на шпанските власите е последица на неодамнешните терористички напади во Брисел.

Во пресрет на дербито, Барселона има девет бодови повеќе од Атлетико и десет од Реал и во случај на победа речиси ќе ја обезбедат шампионската титула.

„Ел Класико“ ќе се одигра в сабота од 20:30 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП