6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМурињо во Валенсија за 15 милиони фунти годишно?

Мурињо во Валенсија за 15 милиони фунти годишно?

valensija murinjo 98

Жозе Мурињо најверојатно ќе биде новиот тренер на Валенсија, објавија во четвртокот британските медиуми. Според The Sun, менаџерот на Мурињо, Хорхе Мендес, ги договорил условите за ангажманот на Мурињо во овој тим.

Медиумите на Островот пренесуваат дека Мурињо на „Местаља“ годишно ќе заработува 15 милиони фунти и дека за засилувања ќе добие 100 милиони фунти. Таблоидот The Sun наведува дека Мендес, Мурињо и претседателот на Валенсија Питер Лим, околу овие услови разговарале минатиот месец во Сингапур.

Инаку, најмоќниот фудбалски менаџер во светот, Хорхе Мендес, е соработник и советник на претседателот на Валенсија, Лим.

Информацијата дека Мурињо ќе се пресели на „Местаља“, британските медиуми ја лансираа веднаш по објавата дека Гери Невил добил отказ. Валенсија сака што поскоро да ангажира тренер, откако го отпушти Невил, кој на 16 првенствени натпревари забележа само три победи.

Мурињо, во декември доби отказ во Челзи, поради лошите резултати, а откако остана без работа тој најчесто се поврзуваше со Манчестер Јунајтед, но изминатите денови се шпекулира дека Луј Ван Гал и во наредната сезона ќе ги предводи „црвените ѓаволи“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП