15 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДрејмонд Грин влезе во НБА историјата

Дрејмонд Грин влезе во НБА историјата

goldi

Крилниот играч на Голден Стејт Вориорс, Дрејмонд Грин, влезе во НБА историјата, откако постави несекојдневен рекорд.

Грин стана првиот играч кој во една сезона имал најмалку 1.000 поени, 500 скокови, 500 асистенции, 100 украдени топки и 100 блокади. Инаку блокадите како статистичка категорија во НБА лигата се бројат од сезоната 1973/1974.

Грин, во триумфот на Голден Стејт над Јута, по едно продолжение 103:96, учествуваше со 13 поени, осум скокови, шест асистенции и четири блокади.

„Успеавме да победиме, иако не бевме на препознатливото ниво. Ова беше наша „Ц“ кошарка и тоа многу говори за карактерот на тимот“, рекол Грин по натпреварот во Солт Лејк Сити.

Дрејмонд Грин сезонава просечно бележи 13,8 поени, 9,6 скока и 7,4 асистенции, а Голден Стејт со скор од 68 победи и седум порази ја предводи лигата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП