7 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 31.03.2016

Дневен хороскоп 31.03.2016

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Самоиспитувањето и самоанализата ќе дадат резултат, работите ќе тргнат на подобро. Чувајте се од повреди во сообраќајот. Обидете се да бидете помалку себични, посебно кога станува збор за партнерот и семејството. Внимавајте на храната, но и на пороците.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Се што ќе посакате ви се исполнува, ќе забележите делумен успех, но бидејќи сте перфекционист, нема да бидете задоволни. Ќе го фасцинирате саканото лице со својот скриен шарм. Потрудете се да се сконцентрирате на она што ви е важно во животот.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Сакате да дејствувате на многу полиња, енергични сте, кога ќе наумите нешто, тешко можат да ве сопрат. Потрудете се да ги одбегнете проблемите со финансиите, партнерот ве обожува, поминете го секој слободен миг со него.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Потрудете се дел од вашите мани да ставите под контрола, преголемата амбициозност може да ви донесе само негативни влијанија. Затрупани сте со разни обврски, па немате време за љубов, партнерот се чувствува запоставено.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Научете дека нема полза од празни разговори. Авантуристи сте, па затоа е потребно да се дружите со позитивни лица, мора да го реорганизирате времето ако сакате да се снајдете со околината. Не трудете се да го држите партнерот под контрола.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Потрудете се околу партнерот, бидејќи тој се соочува со одредени проблеми. Премногу ги слушате другите, а тоа може да биде проблем. Не се повлекувајте во самотија доколку имате личност на која може да се потпрете. Здравјето ви е добро.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Задолжително прифатете ја поканата за излегување од пријателите. Користете прилика да ги покажете своите способности. Не се занесувајте со големи очекувања, бидете реални. Финансиите ви се влошени.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

При ненадејни промени на деловна сцена или при необични ситуации, мора да дејствувате многу трезвено. Вашите идеи се вклопуваат со оние на соработниците, бидете внимателни. Случувањата од вашиот љубовен живот не треба да привлекуваат внимание.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Чувствувате дека ништо не ви оди од рака. Не губете надеж, таа ќе ви биде потребна. Одредени случувања ќе направат да се чувствувате поемотивно. Внимавајте на добрата храна и пешачете во природа. Ставете се себеси на прво место.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Ве следи чувство дека за се сте слабо информирани. Потрудете се да го пронајдете идеалниот партнер за себе. Ќе се чувствувате среќно и задоволно. Имате лоша навика – се расфрлате на сто страни, а ништо не реализирате. Комуницирајте колку што можете повеќе.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Од партнерот барате невозможни работи, ако почнете да работите на себе, постои шанса да ја спасите врската. Направете промена на неколку полиња. Во ниту еден случај не препуштајте се на алкохолот. Единствената светла точка ви се финансиите.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Сакате да се занимавате со сериозни проблеми. Очигледно не сте свесни какви последици носи тоа. Дистанцирајте се од се ако сакате околината нормално да ве прифати. Проблем имате со лице од минатото. Внимавајте на слатките работи, можни се проблеми со шеќерот во крвта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП