2 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГС преживеа во Солт Лејк Сити

ГС преживеа во Солт Лејк Сити

gs solt lejk 33

Актуелните шампиони во НБА лигата, со многу мака минаа на тешкото гостување во Солт Лејк Сити, откако по едно продолжение славеа над Јута. Голден Стејт ја забележа 68-та сезонска победа. На Истокот, Торонто со триумфот над Атланта стигна до јубилејната 50-та победа, што воедно е и нов рекорд на франшизата.

Голден Стејт успеа да слави против Јута, иако на гостувањето во Солт Лејк Сити мораше да игра и дополнителни пет минути. Мечот во продолжение го однесе Клеј Томпсон кој на 15 секунди до крајот на регуларниот дел погоди тројка за 89:89.

Стеф Кари го предводеше тимот на актуелниот шампион со 31 поен, Томпсон постигна 18, а Херисон Барнс имаше учинок од 15 поени и 11 скокови. Голден Стејт сега има 68 победи и седум порази и уште пет триумфи го делат од поставување на нов рекорд во НБА лигата.

Продолжение се играше и во Лос Анџелес, каде Лајкерси славеа над Мајами 102:100. Решавачките поени во продолжението ги постигна Џулиус Рендл на две секунди до крајот.

Торонто ја совлада Атланта 105:97 и ја забележа јубилејната 50-та победа во сезоната, што воедно значи и рекорд на франшизата. Торонто има скор 50-24 и се наоѓа на втората позиција на Истокот со две победи помалку од лидерот Кливленд.

Демар Дерозан постигна 26 кошеви, а Кајл Лаури имаше учинок од 17 поени и 1 асистенции. Атланта ја предводеше Џеф Тиг со 18 поени.

Резултати: ЛА Лејкерс-Мајами 102:100 (п), Минесота-ЛА Клиперс 79:99, Јута-Голден Стејт 96:103 (п), Сакраменто-Вашингтон 120:111, Торонто-Атланта 105:97, Мемфис-Денвер 105:109, Милвоки-Феникс 105:94, Далас-Њујорк 91:89, Сан Антонио-Њу Орлеанс 100:92.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП