23 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛапорт поради повреда ја заврши сезоната

Лапорт поради повреда ја заврши сезоната

laport

Еден од најталентираните светски дефанзивци, играчот на Атлетик Билбао, Емерик Лапорт, поради фрактура на скочниот зглоб ќе паузира меѓу три и четири месеци.

Лапорт се повреди настапувајќи за младата француска репрезентација на натпреварот со Шкотска. Деновиве тој треба да го оперира скочниот зглоб, поради што ќе го пропушти финишот на сезоната.

Повредата ќе го оддалечи талентираниот дефанзивец и од Европското првенство, кое на 10. јуни ќе започне во Франција.

Лапорт со своите настапи во тековната сезона го привлече вниманието на најбогатите европски тимови, а според медиумите најблиску до неговиот потпис се Барселона и Манчестер Сити.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП