2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВаленсија го отпушти Гери Невил

Валенсија го отпушти Гери Невил

geri-n

Досегашниот тренер на Валенсија, Гери Невил, во средата доби отказ, а клубот соопшти дека до завршувањето на сезоната тимот ќе го предводи Пако Ајестаран.

Невил на клупата на Валенсија седна на 2. декември минатата година и на првите девет натпревари не успеа да забележи победа, а ги заврши со натпреварите во Купот на Кралот и Лига Европа.

Валенсија во Примера нема победа на последните три натпревара и во моментов се наоѓа на 14-то место на табелата, со само шест бодови повеќе од опасната зона.

„Внимателно ја анализиравме ситуацијата во која се наоѓа клубот и решивме во интерес на Валенсија да направиме промена“, стои во клупското соопштение.

Гери Невил е играчка легенда на Манчестер Јунајтед, а Валенсија му беше прва самостојна тренерска работа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП