27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГард ја напушти Астон Вила

Гард ја напушти Астон Вила

gard 333

Премиерлигашот Астон Вила и францускиот тренер Реми Гард официјално ја раскинаа соработката.

Гард, во ноември минатата година, стана тренер на екипата од Бирмингем, но успеа да забележи само две победи во Премиерлигата, поради што новиот Управен одбор решил да го смени од функцијата.

Од друга страна, англиските медиуми пишуваат дека Гард не е задоволен од својот ангажман во Астон Вила, бидејќи во јануарскиот преоден рок раководството не одоговорило на неговите барања тимот да се засили на наколку позиции.

Астон Вила во досегашниот тек од првенството има забележано само три победи и со 16 освоени бодови веќе се подготвува за преселба во понизок ранг, односно во Чемпионшип дивизијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП