Германскиот голман Тимо Хилдебранд, во 36 година од животот, како играч на Ајнтрахт Франкфурт реши да стави крај на кариерата. Искусниот голман реши да се повлече пред завршувањето на сезоната поради хроничните проблеми со колкот.
Тимо Хилдебранд ќе остане запаметен во историјата на Бундеслигата, како голман кој во континуитет не примил гол 885 минути. До ова остварување поранешниот германски репрезнтативец стигна како играч на Штутгарт.
„И понатаму не можам да верувам колку долго издржавме без да примиме гол. Тоа беше успех на целиот тим. Верувам дека еден ден мојот рекорд ќе го надмине Мануел Нојер од Берн“.
Хилдербранд во кариерата играл за Шутгарт, Хофенхајм, Шалке, Спортинг Лисбон и Валенсија.
Седум пати го бранел голот на Германија, со која има настап на ЕП во 2004 и СП во 2006 година.