18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИнтер и Милан ќе тргнат по Кандрева

Интер и Милан ќе тргнат по Кандрева

kandreva-kan-kan

Италијанскиот репрезентативец, фудбалерот на Лацио, Антонио Кандрева во летниот преоден рок ќе биде трансфер цел на миланските клубови Интер и Милан.

Кандрева, според италијанските медиуми, бил незадоволен од тековната сезона во која Лацио игра многу променливо, испадна во осминафиналето во Лига Европа, а во Серија А е далеку од местата кои водат во европските купови.

Токму поради тоа крилниот фудбалер не би се противел на евентуалниот трансфер.

Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито, би се согласил да продаде еден од најдобрите фудбалери, но не за сума помала од 30 милиони евра.

Кандрева во кариерта има настапувано за Удинезе, Ливорно, Парма, Чезена, а во Лацио пристигна во јануари 2012 година.

Овој играч, кој со Лацио го има освоено Купот на Италија, дресот на италијанската репрезентација го носел на 36 натпревари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП