17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕуростандард Банка донесе одлука да врши исплата на пензиите првиот работен ден...

Еуростандард Банка донесе одлука да врши исплата на пензиите првиот работен ден во месецот

tutu

Со цел да излезе во пресрет на потребите на своите клиенти, Еуростандард банка донесе одлука исплатата на пензиите да ја врши во првиот работен ден во месецот. На овој начин им се овозможува на пензионерите клиенти на Банката да располагаат со средствата од својата пензија уште во првиот работен ден во месецот.

Оваа погодност ќе биде достапна веќе од следниот месец и ќе се однесува на сите пензионери без оглед дали избрале пензијата да ја добиваат со достава во својот дом или на трансакциска сметка.

„Задоволство ми е да ги информирам сите пензионери кои се клиенти на Еуростандард банка дека почнувајќи од месец април, Банката одлучи да врши исплата на пензиите на првиот работен ден во месецот. Со оваа одлука Еуростандрад банка прави напор да излезе во пресрет на потребите и желбите на своите клиенти.“ – изјави Горан Јосифовски од центарот за маркетинг и развој на производи во Еуростандард банка

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП