18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВардар со преполовен состав победи во Белорусија

Вардар со преполовен состав победи во Белорусија

vardar5555

Ракометарите на Вардар со триумф го завршија регуларниот дел од сезоната во СЕХА лигата. Вардар, во вторникот, славеше во Белорусија против Мешков Брест со 32:30.

Натпреварот немаше резултатско значење, бидејќи и претходно беа познати на кои позиции двата тима го завршија регуларниот дел од сезоната, но и покрај тоа ослабениот Вардар успеа да му се реваншира на Мешков Брест за поразот во првиот дел од првенството.

Вардар на овој меч настапи без Штербик, Лазаров, Македа, Тоскиќ, Брумен, Карачиќ, Дибиров, Горбок, тренерот Гонзалес во ростерот имаше деветмина ракометари и двајца голмани.

Најефикасен во триумфот на македонскиот првак беше Циндриќ со девет голови, гол помалку постигна Манасков, а Душебаев беше стрелец на шест голови.

„Црвено-црните“ од Белорусија се селат во Хрватска, каде викендов во Вараждин ќе се одржи завршниот турнир во СЕХА лигата. Вардар, в петок, на 1.април од 20:30 часот ќе игра против ППД Загреб, а претходно турнирот ќе го отворат бранителот на титулата Веспрем и Мешков Брест.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП