7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМилко Ѓуровски нов тренер на сараевска Славија

Милко Ѓуровски нов тренер на сараевска Славија

milko----

Милко Ѓуровски е нов шеф на стручниот штаб на фудбалскиот клуб Славија од Источно Сараево, соопшти српскиот клуб кој се натпреварува во Премиерлигата на Босна и Херцеговина.

Помладиот од браќата Ѓуровски, кој покрај голгетерските квалитети ќе остане и запаметен по трансферот од Црвена ѕвезда во Партизан во 1986 година, во текот на кариерата бил играч на Гронинген, Камбур, Ним, Железничар од Марибор и Бежиград.

Ѓуровски има одиграно шест натпревари за репрезентацијата на поранешна Југославија и три за Македонија. Со олимписката селекција на Југославија во 1984 година го освои бронзениот медал на Олимписките игри во Лос Анџелес.

53-годишниот Ѓуровски, кој живее во Словенија, во тренерската кариера работел во Рудар од Приједор, Драва, Нафта, Марибор и Вардар.

Тимот на Славија на осум кола до крајот на Премиерлигата на БиХ се наоѓа на осмото место со 30 бодови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП