17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМајами: Крај за Енди Марej и Серена Вилијамс

Мајами: Крај за Енди Марej и Серена Вилијамс

marej vilijams

Минатогодишниот финалист во машка конкуренција, Енди Марej и победничката кај дамите, Серена Вилијамс, во третото коло го завршија својот настап на Мастерс турнирот во Мајами. Марej загуби од Григор Димитров, додека Серена е поразена од Светлана Кузњецова.

Енди Марej го доби првиот сет против Димитров во тај брејк (7:6), но во наредните два одигра катастрофално и му дозволи на Бугаринот да ја однесе победата. Димитров вториот сет го доби со 6:4, а третиот со 6:3, иако Марej прв стигна до брејк.

Британецот нема по добро да ја памети овогодишната американска турнеја, бидејќи во третото беше елиминиран и на Мастерсот во Индијан Велс. Поради овој пораз тој ќе загуби многу поени бидејќи минатата сезона играше во финалето.

Димитров, кој ја забележа првата победа над некој од играчите од Топ 10 по пауза од една година, во наредното коло ќе игра против Гаел Монфилс кој го совлада Пабло Куевас.

Настапот во Мајами, во третото коло, го заврши и тенисерката која на овој турнир има осум титули и која беше неприкосновена во последните три години, Серена Вилијамс. Американката, слично како Мари, го доби првиот сет во тај брејк, но потоа Кузњецова потоа потсети на своите најдобри денови и во наредните два сета целосно доминираше освојувајќи ги со 6:1, 6:2.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП