18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНБА: Вестбрук како Џордан, резил на ЛА Лејкерс

НБА: Вестбрук како Џордан, резил на ЛА Лејкерс

vestbruk 33

Новото блескаво издание на Расел Вестбрук и катастрофалниот пораз на ЛА Лејкерс во Солт Лејк Сити ја обележаа програмата во НБА, која понуди десет натпревари.

Расел Вестбрук одигра уште еден брилијантен натпревар, тој со „трипл дабл“ (26 поени, 11 скокови, 12 асистенции) ја предводеше Оклахома до триумфот над Торонто 119:100.

Плејмејкерот на Оклахома го забележа седмиот „трипл дабл“ учинок во месец март со што застана рамо до рамо со најголемиот на сите времиња, Мајкл Џордан. Вестбрук и Џордан се единствените играчи во историјата на НБА кои во еден месец имале седум „трипл дабл“ учиноци.

Инаку најефикасен во триумфот на Оклахома беше Кевин Дурент со 34 поени на кои придодаде и осум асистенции. Оклахома на осум натпревари до крајот на регуларниот дел од сезоната се наоѓа на третото место во Западната конференција.

Торонто е вотр на Истокот со скор 49-24. Во поразот од Оклахома Демар Дерозан постигна 19, а Џош Пауел 18 поени.

ЛА Лејкерси, веројатно најпопуларната франшиза во историјата на НБА лигата, го допреа дното во Солт Лејк Сити. Јута на „езерџиите“ им го нанесе најтешкиот пораз во клупската историја откако славеше со 123:75.

Коби Брајант погоди само еден од 11-те обиди од поле, а своето последно гостување во Солт Лејк Сити го заврши со скромно пет поени.

Јута ја предводеше Родни Худ со 30 поени, а по 17 кошеви постигнаа Шелвин Мек и Тревор Букер.

Резултати: Јута-ЛА Лејкерс 123:75, Денвер-Далас 88:97, Портланд-Сакраменто 105:93, ЛА Клиперс-Бостон 114:90, Торонто-Оклахома 100:119, Мајами-Бруклин 110:99, Чикаго-Атланта 100:102, Мемфис-Сан Антонио 87:101, Њу Орлеанс-Њујорк 99:91, Минесота-Феникс 116:121.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП