
Бесрат Абдурахими кариерата ќе ја продолжи во Казахстан, откако потпиша договор со актуелниот шампион на оваа земја Астана.


Бесрат Абдурахими кариерата ќе ја продолжи во Казахстан, откако потпиша договор со актуелниот шампион на оваа земја Астана.
Абдурахими кариерата ја започна во Загреб, има играно за Хапоел Тел Авив, а од 2014 година беше дел од тимот на Локерен, каде во изминатите шест месеци воопшто не настапуваше, поради што и го загуби репрезентативниот статус.
Крилниот напаѓач за Македонија од дебито против Камерун (26. мај 2014) има одиграно 12 натпревари и постигнато еден гол, против Луксембург во квалификациите за победа 3:2.
Астана две години е шампион на Казахстан, а во актуалната сезона дебитираше и во фазата по групи во Лигата на шампионите. Во конкуренција на Атлетико Мадрид, Бенфика и Галатасарај усеа да освои три бода.
Астана наредната сезона во Лигата на шампионите ќе ја започне во втората квалификациска рунда.