21 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНООригоне на скии постигнал брзина од 255 км/ч

Оригоне на скии постигнал брзина од 255 км/ч

origone

Италијанецот Иван Оригоне (29) постави нов светски рекорд во брзо скијање. При својот настап Оригоне постигнал брзина од 254,958 километри на час. Интересно, претходниот рекорд го држеше неговиот седум години повозрасен брат Симоне (252,632 км/ч).

Оригоне рекордот го поставил на патеката во Варс, француски Алпи, во должина од 1.220 метри.

На истата патека е поставен и нов рекорд во женска конкуренција. Сонародничката на Оригоне, Валентина Грегорио постигнала брзина од 247,083 километри на час. Грегорио го собори рекордот на Швеѓанката Сани Тидстран (242,59 км/ч), поставен пред една деценија.

Инаку на официјална трка во Светскиот куп, во алпско скијање, светскиот рекорд е во сопственост на Јохан Клери од Франција, тој во 2013 година на спуст трката во Венген оствари брзина од 161,9 км/ч.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП