Порше Македонија ДООЕЛ од овој месец, покрај официјалното импортерство за брендовите: Фолксваген, Ауди, Шкода и Фолксваген Комерцијални возила, стана и генерален увозник за возилата од гамата на светски престижниот бренд Порше.
Порше Македонија продолжува во остварувањето на својата цел-постигнувањето на потполно задоволство на клиентите. За нив секојпат го носи најдоброто а овој пат на дофат на раката им го донесе и врвот на задоволството, возбудата, адреналинот и авантурата. За клиентите со префинет вкус ја донесе легендата која постојано освојува со својот фасцинантен стил и безвремен дизајн. Порше- синонимот за раскош, престиж и луксуз, новата дефиниција за иновација, ексклузива и прогресивност, сега и во нашиот салон.
” За Порше како бренд не треба многу да се зборува, неговата препознатливост е нешто кое само по себе зборува доволно. Моќни супер брзи спортски автомобили, со софистицирани системи во кои се вградени последните достигнувања на науката и техниката. Фантастичен дизајн, раскошни перформанси за бескрајно уживање во возењето, со еден збор – совршенство на четири тркала.Она што е уште поважно е дека во тек е проширување на сервисните капацитети што ќе значи комплетна услуга за целосно задоволство на клиентите. Едноставно треба да му создадеме достоен дом и на овој наш бренд. Предизвикот е голем бидејќи станува збор за многу значаен бренд од групациски аспект. И покрај синергиските ефекти, секако ќе бидат потребни и дополнителни инвестиции, но веќе се работи на конкретна реализација на сервисните и продажните капацити, кои очекуваме во најскор можен рок да профункционираат согласно сите корпоративни стандарди. Задоволството е големо и е вистинска потврда за нашето успешно работење,,- потенцираше Генералниот Менаџер г. Златко Муцунски.
Оваа година Порше слави 50 годишнина од претставувањето на култниот Порше 911 знаменосец на марката. Истиот веќе пристигна во Порше Македонија, а друштво во моделската понуда му прават и сите останати модели од гамата како добро познатиот луксузен SUV Cayenne, луксузната лимузина Panamera, спортскиот двосед Cayman и неговата кабриолет варијанта Boxter и наскоро помалиот компактен SUV Macan.