21 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОМакедонија- Бугарија натпревар за фудбалските сладокусци на 29 март

Македонија- Бугарија натпревар за фудбалските сладокусци на 29 март

mak

Една од најдобрите балкански фудбалски репрезентации, Бугарија,која пред само неколку дена на гостински терен ја победи фаворизираната Португалија доаѓа во Скопје.

Компактна, цврста, составена со голем број на интернационалци од најдобрите европски лиги, во комбинација со најквалитетните домашни играчи, Бугарија ќе биде вистински предизвик за македонската фудбалска репрезентација. Во тимот се врати Горан Пандев, се врати и позитивната атмосфера, а со тоа пораснаа и желбите за подобри резултати.

Соседските  натпревари отсекогаш буделе интерес, а ривалитетот бил голем. Иако станува збор за пријателски натпревар, желбата да се победи, да се фати позитивен натпреварувачки ритам и победнички дух, е гаранција да гледаме добар и борбен натпревар, со отворена игра и убави фудбалски потези. Бугарија очекува поддршка од над стотина навивачи кои сигурно се очекуваат да дојдат и да навиваат за својата земја.

Македонските фудбалери се подготвени да покажат добра игра, но дали таа ќе биде одлична зависи и од сите нас останатите. На 29 март во 19:00 часотна националната арена Филип Втори, 11 срца на теренотчекаат поддршка.
Нека биде полно, нека биде гласно, нека биде победа!

Овоја бугарски фудбалски тим е навистина квалитетен и наликува на оној легендарен тим со Стоичков, Пенов и останатите веќе фудбалски легенди, потврдуваат резултатите последниве години кога се рамноправни со најсилните репрезентации во европа, и сериозно конкурираа за елитно натпреварување.

Македонија предводена од Пандев, Ибраими,Тричковски треба да ја прекине лошата серија на резултати, и се надеваме дека токму во натпреварот со соседот Бугарија ќе покажеме дека имаме квалитет и потенцијал на кој можеме да се потпреме во следниот циклус.

Фудбалот не би бил фудбал, ако не крие изненадување, а надеж секогаш постои. Затоа да дојдеме на Филип втори и да навиваме за Македонија!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП