26 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТоскиќ во тимот на колото во ЛШ

Тоскиќ во тимот на колото во ЛШ

toskic 00000

Алем Тоскиќ, херојот на Вардар на реваншот со Висла, со претставата која ја пружи на овој меч го заслужи своето место во идеалниот тим на осминафиналните реванши во ракометната Лига на шампиони.

Покрај Тоскиќ, ЕХФ, меѓу најдобрите го смести и вардаровиот голман Арпад Штербик, кој ја има најдобрата одбрана, додека Данил Шишкарев е на третата позиција во категоријата, најубав гол.

Тоскиќ, против Висла (25:24) одигра неверојатен натпревар, беше единствениот играч на Вардар за кого одбраната на Висла не најде решение и човекот кој ги однесе „црвено црните“, во четвртфиналето.

Играчот кој по завршувањето на сезоната ќе го напушти Вардар мечот го заврши со осум постигнати голови.

Покрај Тоскиќ во идеалниот тим се најдоа уште голманот на Кил Никлас Ландин, левото крило на Фленсбург Андрес Егерт, левиот бек на Висла Дмитри Житников, Драган Гајиќ десното крило на Монпелје, десниот бек на Кјелце Денис Бунтиќ и Стефан Вујиќ средниот бек на ППД Загреб.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП