30 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШок во Мајнхајм, Загреб го елиминира Рајн Некар

Шок во Мајнхајм, Загреб го елиминира Рајн Некар

majn

Ракометарите на Загреб, кои од клупата ги предводи Веселин Вујовиќ, приредија вистинска сензација во Мајнхајм, го елиминираа Рајн Некар и изборија пласман во четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Рајн Некар, лидерот во Бундеслигата, беше фаворит против Загреб во осиминафиналниот двомеч, а шансите за пласман во четвртфиналето драстично му пораснаа со победата во првиот меч во Загреб 24:23, но тимот на Вујовиќ за кој настапува Велко Маркоски со храбра и бескомпромисна игра во реваншот успеа да го шокира фаворитот.

Германскиот тим 50 минути ја имаше предноста на своја страна, најчесто таа се движеше помеѓу два и три гола, но играчите на Загреб во ниту еден момент не се предаваа, ниту пак му дозволија на противникот да создаде повисока предност.

Загреб израмни во 50.минута на 25:25, а во 55.минута стигна до првата предност на мечот 26:27, која веќе во следниот напад ја зголемија 26:28, па домаќинот иако се обиде не успеа да се врати во мечот.

На овој меч добра минутажа на голот на Рајн Некар доби Борко Ристовски кој на крајот имаше шест одбрани.

Во четвртфиналето во Лигата на шампионите ќе играат Вардар-Веспрем, Кил-Барселона, ППД Загреб-ПСЖ и Фленсбург-Кјелце.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП