10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФранција славеше во Амстердам

Франција славеше во Амстердам

hol-france

Фудбалската репрезентација на Франција победи на гостувањето во Амстердам во најинтересниот натпревар кој се одигра во петокот вечерта во низата пријателски мечеви на европските селекции.

Во дуелот меѓу Холандија и Франција, домаќинот на мечот Амстердам се прости од еден од најдобрите светски фудбалери на сите времиња Јохан Кројф, кој во четвртокот почина во Барселона опкружен од членовите на семејството, по тешката борба со ракот. Мечот беше прекинат во 14-та минута, бројката што Кројф ја носеше на дресовите на Ајакс, на холандската селекција и во Барселона, чиј тренер беше подоцна.

Во интересниот меч Французите славеа со 3-2, а веќе во 13-та минута водеа со 2-0. Прво во 6 минута од слободен удар убав гол постигна Антоан Гризам, а во 13 Оливие Жиру ја искористи збунетоста на холандската одбрана. Во 47 минута домашните намалија преку Лук де Јонг, откако напаѓачот на ПСВ Ајндховен погоди со помош на раката, но судијата Феликс Звајер не го забележа тоа. Во 60 минута убава можност имаше францускиот играч Димитри Пејет, но играчот на Вест Хем само ја затресе стативата. Четири минути пред крајот Холандија изедначи со голот на Афелаи, но две минути подоцна „триколорите“ преку Матуиди стигнаа до ново водство и победата.

Ирска во Даблин ја совлада Швајцарија со 1-0, а единствениот гол го постигна Кјаран Кларк веќе во третата минута од средбата.

Босна и Херцеговина очекувано и лесно на гостувањето во Луксембург славеше со 3-0, а сите три погодока паднаа во последните 17 минути. Во 73 минута беше одиграна убава акција од Пјаниќ, Матео Сушиќ и Џеко, а пред последниот топката во сопствената мрежа ја спроведе Шано. Две минути подоцна Ѓуриќ го зголеми водството, а во судиското продолжување Пјаниќ од слободен удар погоди за конечните 3-0.

Словачка и Латвија во Трнава одиграа без голови, како и Ерменија и Белорусија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП