26 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАргентина со пресврт го совлада Чиле

Аргентина со пресврт го совлада Чиле

cile brazil 000

Фудбалската репрезентација на Аргентина, во рамки на квалификациите за Светското првенство, во Сантијаго го совлада Чиле со 2:1.

Аргентинците, кои во минатогодишното финале на Копа Америка загубија на пенали, сега ги победија Чилеанците со пресврт, а сите три гола беа постигнати во првите половина час.

Чиле поведе преку Фелипе Гутиерез (11), но Анхел ди Мариа (20) и Габриел Меркадо (25) брзо им донесоа предност на гостите и така остана до крајот.

Аргентина со оваа победа го прескокна Чиле на табелата, сега е четврта со осум бодови, а Чиле шести со седум. На СП директно ќе се пласираат првите четири репрезентации по 18 одиграни кола, додека петтата ќе оди на дополнителни квалификации против победникот на Океанската зона.

Исклучително важна победа на гостувањето кај Боливија во Ла Паз оствари Колумбија 3:2. Гостите во првото полувреме ја оправда улогата на фаворит и поведоа со головите на Хамес Родригез (10) и Карлос Бака (40). Во продолжението домашните изедначија со головите на Хуан Карлос Акре (49 пенал) и Алехандро Чумацер (62). Конечниот резултат беше поставен во втората минута од судиското надополнување, кога Едвин Кардона го постигна победничкиот гол за Колумбија.

Водечкиот Еквадор одигра нерешено 2:2 против Парагвај, а со ист резултат заврши и мечот Перу – Венецуела.

Петтото коло ноќта петок кон сабота го заклучуваат Бразил и Уругвај. Во пресрет на тој меч, Бразил е петти со седум бодови, два помалку од второпласираниот Уругвај.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП