17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГонзалес: Висла е натпреварот на сезоната за Вардар

Гонзалес: Висла е натпреварот на сезоната за Вардар

raulce

Вардар, в сабота (18 часот), ќе ја пречека Висла во возвратниот натпревар од осминафиналната фаза во Лигата на шампионите. Целосна мобилизација владее во редовите на „црвено црните“ пред реваншот, особено поради резултатот 30:30, по првиот меч во Полска.

Висла е незгоден тим со неколкумина квалитетни поединци, кој сезонава игра многу подобро на гостински терен отколку пред своите навивачи. Овој податок добро го знаат во вардаровиот табор, поради што уште повеќе жалат што во првиот меч полскиот тим не беше совладан, бидејќи Вардар на три минути до крајот имаше предност од четири гола.

Поради тоа, на прес-конференцијата во пресрет на натпреварот, тренеот Раул Гонзалес и пикерот Стојанче Стоилов во еден глас велат дека „дуелот со Висла за Вардар е меч на сезоната“.

„Поради резултатот во Полска, ние имаме многу добра шанса да одиме во четвртфиналето, треба да го искористиме домашниот терен. Треба да одиграме многу подобро во одбраната, бидејќи таму не одигравме добро, примивме 30 голови. Знам дека нé очекува многу тежок меч, иако сите мислат дека лесно ќе победиме. Висла има добри играчи, игра подобро надвор, како што играа во Кил или Веспрем. Поради тоа, ние мора да бидеме подготвени, не знам каков ќе биде резултатот, но овој меч е многу значаен за нас, како да играме финале. Чувствуваме притисок, ова е најважниот меч во сезоната за нас“, рече Раул Гонзалес.

„Ова е најважниот меч за нас, малку сме разочарани што не победивме таму, бидејќи ја имавме шансата, но и нерешено е добар резултат. Сепак, дуелот во Полска беше само прво полувреме. Очекувам тежок дуел, се надевам дека нема да ги разочараме нашите навивачи и дека ќе ја совладаме Висла“, рече Стоилов.

Вардаровиот тренер и за овој меч се соочува со проблеми околу ростерот, Филип Лазаров сигурни нема да игра, додека, како што рече шпанскиот стратег, неизвесен е и настапот на Сергеј Горбок, кој започнал со тренизите по повредата.

„Тој започна да трениера, но не знаеме во каква форма се наоѓа. Ние тактиката ја подготвуваме без Горбок, бидејќи не знаеме во каква состојба е по повредата“,. рече Гонзалес.

Дуелот Вардар-Висла ќе се игра во СЦ Јане Сандански, в сабота од 18 часот. Влезниците за дуелот се распродадени, а клубот за овој меч ќе организара фан зона пред салата во населбата Аеродорм.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП