5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФудбалерите поразени од Словенија

Фудбалерите поразени од Словенија

fudbaleros

Македонската фудбалска репрезентација, во четвртиот меч со Словенија го доживеа првиот пораз, откако во средата загуби вo Копер со 1:0 (0:0).

Инаку Македонија во претходните три средби, кои исто така беа контролни, запиша исто толку победи над Словенците со гол разлика 9-3.

Поразот во Копер беше втор за селекторот Игор Ангеловски на кормилото на националниот тим, по оној од Либан во Скопје (0:1), откако претходно славеше над Црна Гора (4:1).

Во Копер по речиси две ипол годишна пауза се врати Горан Пандев, но ниту тој не успеа да ја подобри хроничната неефикасност во нападот.

Дуелот во Копер во целост им припадна на домаќините, кои во најголемиот дел од натпреварот ја контролираа играта, а до постигнувањето на голот имаа две добри шанси за постигнување на гол.

Македонија и на овој меч ги демонстрираше веќе познатите слабости, тешко ги градеше нападите, напаѓачите речиси да нe добија вистинска топка, а лошо и некординирано делуваше и дефанзивата пред голманот Димитриевски.

Единствениот гол на мечот го постигна Безјак во 58.минута, тој доби топка од Иличиќ, влезе сам во шеснаесетникот на Димитриевски и го погоди спротивниот агол.

Македонските репрезентативци од Копер се враќаат во Скопје, каде na 29.март ќе одиграат пријателски меч со Бугарија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП