19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВалс: Откажувањето на ЕУРО 2016 во фудбал би било наш пораз и...

Валс: Откажувањето на ЕУРО 2016 во фудбал би било наш пораз и победа за терористите

vals 333

Францускиот премиер Мануел Валс во средата ја отфрлил можноста Европското фудбалско првенство (ЕУРО 2016), на кое Франција ќе биде домаќин од 10-ти јуни до 10-ти јули годинава, да биде откажано, бидејќи тоа би претставувало „пораз“, односно „победа за терористите“.

Гостувајќи на програмата на радиото Europe 1, и одговарајќи на прашања на слушателите околу можното откажување на првенството, Валс рекол дека „на тој начин тие би го признале поразот, односно победата на терористите“.

„Потребни ни се спортски случувања. Мораме да создадеме најдобри можни услови за нивно одржување“, рекол Валс.

Францускиот министер за спорт, Тјери Браилар, пак, во средата рекол дека верува оти ЕУРО 2016 „нема да биде одложено, нити пак откажано“.

„Веќе повеќе месеци истакнуваме дека од почетокот размислуваме за терористичките закани. Одложувањето или пак откажувањето на Европското фудбалско првенство би било причина за славје на кукавиците“.

„Во овие времиња не смееме да ја зголемуваме дозата на стравот. Што се однесува до безбедноста на првенството, сметам дека таа не може да биде подобра отколку што во моментот е“, додал францускиот министер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП