21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФудбалерите на тест во Копер

Фудбалерите на тест во Копер

фудби

Фудбалската репрезентација на Македонија, во среда, против соодветната селекција на Словенија, во Копер ќе одигра контролен натпревар.

Македонската селекција има позитивен скор во дуелите со Словенија, иако сите досега одиграни натпревари биле пријателски. Три пати се соочувале досега овие две селекции, Македонија има забележано три победи со гол разлика 9-3.

„Најважно што фудбалерите се здрави, немаме проблеми сите се на располагање. Ме радува што работиме во одлична атмосфера, фудбалерите се желни за настап и очекувам добра игра и позитивни резултати. Ќе форсирам претпознатлив стил на игра, добро знаете дека преферирам офанзивна игра. Ќе влеземе во натпреварот да се добие, со единствена цел, и тоа ќе го барам од фудбалерите, изјавил селекторот репрезентација, Игор Ангеловски.

Дуелот во Копер ќе започне во 18 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП