5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНБА: Вестбрук како Џордан

НБА: Вестбрук како Џордан

vesti 00000

Плејмејкерот на Оклахома Сити Тандер, Расел Вестбрук, изминатата ноќ застана до најголемиот во историјата на кошарката, Мајкл Џордан. Вестбрук го забележа својот 15-ти „трил дабл“ во сезоната, шест во последниот месец, со што застана веднаш до Џордан, кој во март 1989 година седум пати имал двоцифрени бројки во три статистички категории.

Вестбрук ја предводеше Оклхома до триумфот над Хјустон 111:107 со 21 поен, 13 скокови и 15 асистенции. Плејмејкерот го забележа 34-от „трипл дабл“ во кариерата, 15-ти во сезоната.

Последен пат еден играч остварил најмалку 15 „трипл дабал“ учиноци во една сезона бил Мајкл Џордан во 1989 година. Истата таа година една друга легенда на НБА лигата, Ирвин Меџик Џонсон го поставил рекордот од 17 „трипл дабл“ остварувања во една сезона.

Резултати: Њу Орлеанс-Мајами 99:113, Бруклин-Шарлот 100:105, ЛА Лејкерс-Мемфис 107:100.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП