2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИТвитер наполни десет години

Твитер наполни десет години

tvit deset 34

Денеска навршуваат 10 години од создавањето на социјалната мрежа „Твитер“. На 21-ви март 2006-та година нејзиниот креатор Џек Дорси го објави првиот „твит“ во историјата кој гласеше „just setting up my twttr” (го создавам мојот профил на Твитер).

Според податоците на „Њујорк тајмс“ во февруари оваа година месечни посетители на социјалната мрежа биле 320 милиони. Во почетокот на 2015-та година само во Индија имало 22.2 милиони профили. Во Јапонија, која е државата со најмногу луѓе кои користат „Твитер“, имало 26 милиони.

„Твитер“ создаде форма на кратките пораки од 140 карактери, што ги тера луѓето да бидат креативни со зборови и да го вадат само најважното што сакаат да го кажат.

Во 10-те години на постоење „Твитер“ го променил животите на илјадници луѓе низ светот. Луѓе се запознавале и стапувале во брак, започнувале револуции, собирање средства за добротворни цели и што ли уште не.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП