ПочетнаИНТЕРЕСНОАзаренка преку Серена до титулата во Индијан Велс

Азаренка преку Серена до титулата во Индијан Велс

21TENNIS-master675

Белоруската тенисерка Викторија Азаренка ја освои титулата на Мастерс турнирот во Индијан Велс. Азаренка во финалето славеше над Серена Вилијамс со 6:4, 6:4.

Белорусинката ја освои 18-та титула во кариерата, но ова беше нејзин прв трофеј по пауза од речиси три години, кога во 2013 година славеше во Синсинати.

Серена, која го забележа четвртиот пораз од Азаренка, во нивниот 21-ви меѓусебен дуел, загби бидејќи лошо ги користеше своите брејк шанси.

На најновата ВТА листа, која ќе биде објавена в понеделник, Серена ќе остане на првото место, додека Азаренка по подолго време ќе се врати во Топ 10.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП