17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРашфорд го сруши Сити

Рашфорд го сруши Сити

рашворд-мм

Манчестер Јунајтед славеше над Манчестер Сити со 1:0 во последниот натпревар од 31.коло во Премиерлигата. Градското дерби на Итихад стадионот го реши тинејџерот Маркус Рашфорд.

Рашфорд единствениот гол го постигна во 16.минута, тој доби топка од Мата, со дриблинг се ослободи од Демикелис и лесно го совлада Џо Харт.

Сити до крајот повеќе ја имаше топката во свој посед, но нападите на „граѓаните“ успешно ги одбиваше одбраната на Јунајтед. Агуеро беше најблиску до постигнување на гол, но еден негов обид со глава во финишот на мечот, за врши во дирекот.

Јунајтед со оваа победа се врати во трката за место кое води во Лигата на шампионите, сега има само бод помалку од Сити, кој се наоѓа на четвртото место.

На другите натпреври кои се одиграа во неделата Њукасл и Сандерленд во дербито на североистокот ремизираа 1:1. Дефо погоди за Сандерленд во 44-та, а израмни Митровиќ во 88-та минута.

Саутемптон славеше над Ливерпул со 3:2, иако по првото полувреме имаше негатива од два гола. Кутињо и Стариџ беа стрелци за Ливерпул во првото полувреме, а во второто најпрвин Мане промаши пенал, потоа намали на 1:2, Пеле израмни на 2:2, а трите бода на Саутемптон му ги донесе Мане со својот втор гол на мечот.

Тотенхем рутински славеше над Борнмут со 3:0. Кејн постигна два гола во првите 16 минути, а победата за второпласираниот тим на табелата ја завери Ериксен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП