9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСовршен крај на сезоната за Превц

Совршен крај на сезоната за Превц

превц-крај

Словенецот Петер Превц, со победа ја заврши неверојатната сезона, во која победи во генерланиот пласман во Светскиот куп. Превц триумфираше на последниот натпревар кој се одржа на легендарната скокалница во Планица.

Превц сезонава забележа 15 победи, го освои Светскиот куп, стана светски првак во скијачки летови, го освои малиот Кристален глобус во оваа дисциплина, а круна на успешната сезона секако е победата на Новогодишната турнеја „Четири скокалници“.

Словенецот, пред домашната публика, триумфираше стигна со скоковите од 238 и 241,5 метри, освојувајќи 435 поени.

На голема радост на публиката второто место го освои Роберт Крањец, а на двајцата Словенци на подиумот им се придружи Норвежанецот Јохан Андре Танде, кој го забележа најдолгиот лет од 245 метри.

Превц е вториот Словенец кој ја освоил титулата во Светскиот куп, сезоната тој ја заврши со 2.303 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП