20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОEl Pais: Мурињо има преддоговор со Јунајтед

El Pais: Мурињо има преддоговор со Јунајтед

muri

Шпанскиот весник El Pais тврди дека Жозе Мурињо ги договорил условите за преземање на Манчестер Јунајтед по завршувањето на сезоната.

Португалецот, до декември минатата година беше менаџер на Челзи, а кога доби отказ од лондонскиот клуб, започнаа шпекулациите дека тој ќе го наследи Луј ван Гал на кормилото на Јунајтед.

El Pais тврди дека Мурињо потпишал преддоговор со Јунајтед, според кој клубот од „Олд Трафорд“ ќе мора да му исплати 20 милиони евра, доколку тој по завршувањето на сезоната не застане на чело на екипата.

Наводно потпретседателот на Јунајтед, Ед Вудворд, има голема желба да го донесе Мурињо, додека клупските легенди Боби Чарлтон и Алекс Фергусон сé уште не се сигури дека Португалецот е вистинско решение за клубот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП