3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРозберг победи во Австралија

Розберг победи во Австралија

niko

Возачот на Мерцедес, Нико Розберг, победи на премиерната трка во новата сезона во шампионатот на Формула 1, Големата награда на Австралија која во неделата се возеше на патеката „Алберт Парк“, во Мелбурн.

Германецот ја продолжи серијата од финишот на минатата сезона кога победи на последните три трки, тој во Мелбурн ја забележа четвртата последовна победа, вкупно 15-та во кариерата. Розберг во целта имеше време 1:48:55.565 часа.

Второто место му припадна на актуелниот шампион, Луис Хамилтон, кој стартуваше од пол позицијата, додека најдобрите тројца ги комплетираше Себастијан Фетел на Ферари.

Место меѓу најдобрите десет изборија уште Рикардо на Ред Бул, МАса на Вилијамс, Грожан, кој ги освои првите бодови за новиот тим Хас, потоа Хулкенберг (Форс Индија), Ботас (Вилијамс) и пилотите на Торо Росо, Саинц и Верстапен.

Трката ја обележа инцидентот помеѓу Алонсо и Гутиерез. Шпанецот целосно го уништи својот болид, но за среќа мина без последици, поради што трката беше во прекин десет минути.

Наредната трка ќе се вози на 3-ти април во Бахреин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП